Свет 06. декември 2019. / 13:40

Се урна шесткатница во Најроби, најмалку две жртви 

Се урна шесткатница во Најроби, најмалку две жртви 

Најмалку две лица загинале откако зграда од шест ката се урна во главниот град на Кенија, Најроби.

Спаувачки тимови стравуваат дека под урнатините има голем број луѓе. Најмалку 10 луѓе се извлечени живи од под урантините.

Во акцијата за спасување учествуваат и армиски единици. Засега не е јасно што го предизвикало уривањето на зградата.