Во нигерискиот град Лагос, денеска се урна трикатна училишна зграда. Притоа, околу 100 лица останале поклопени под урнатините, пишува весникот „Гардијан Нигерија“.
Според портпаролката на Агенцијата за итни случаи во југозападниот регион на Нигерија, засега нема информации за жртви.
Локалните медиуми објавија дека на последиот кат се наоѓало основно училиште.