Свет 27. октомври 2018. / 23:18

Се урна хеликоптерот на сопственикот на Лестер

Се урна хеликоптерот на сопственикот на Лестер

Хеликоптерот на сопственикот на Лестер, Вичаи Шриваданапраба се урна во близина на стадионотна клубот.

Се уште не е познато кои биле во авионот, но големи се шансите таму да е сопственикот на клубот кој вообичаено од натпреварите заминува со својот хеликоптер.

Лестер денеска играше со Вест Хем, натпреварот заврши 1-1, а сопственикот Шривадданапраба е единствениот од неговата фамилија кои присуствувал на мечот.

Хеликоптерот бил во пламен, во тек е интервенција на екипите за прва помош и наскоро ќе се знае кои се биле во екипажот и дали во хеликоптерот се наоѓал сопственикот на Лестер.