Свет 05. септември 2018. / 19:37

Се урна хеликоптер има четворица загинати

Се урна хеликоптер има четворица загинати

Четири лица загинаа при пад на хеликоптер на западот на Чешка .

Според портпаролот на регионалната противпожарна служба , жртвите на несреќата се уште не се идентификувани , а не се знае ниту дали сите четворица пријавени за летот биле во хеликоптерот.

Kако што изјави портпаролот Пети Пончар , хеликоптерот паднал врз покривот на фабрика во индустрискиот дел на Плзењ. Според медиумите станува збор за мал патнички хеликоптер од типот ,,Робинсон”.