Сите осум патници и членови на екипажот загинаа кога се урна товарен авион на истокот на Конго. Во авионот биле и некои од членовите на кабинетот на претседателот на Конго Феликс Чисекеди.
Нема преживеани. Сите тела се целосно изгорени, изјави советникот на претседателот Видије Чиманга.
Во авионот бил возачот на претседателот на Конго и неговиот менаџер за логистика, како и неколку војници. Авионот полетал кон главниот град Киншаса и исчезнал од радарите вчера попладне, по локално време, еден час по полетувањето. Тој се урна во шумска област на истокот на земјата, а причината за несреќата сè уште не е позната.