Свет 29. ноември 2019. / 09:56

Се сруши авион во Канада – има загинати

Се сруши авион во Канада – има загинати

Седум лица, меѓу кои и три деца, загинале при пад на помал авион во Онтарио, соопштиле канадските власти.Авионот кој со пилотот и 6 патници полетал од аеродромот во предградие во Торонто се срушил во шумовито подрачје, неколку километри од аеродромот во Кингстон, пренесува Дејли Меил.

Пилотот бил од Тексас, а со него била неговата сопруга и трите деца на возраст од 3, 11 и 15 години, како и двајца Канаѓани.

Спасувачите стигнале на лице место, но немало преживеани. Се уште не се знае точната причина за падот на малиот авион, а како што соопштила полицијата, истрагата може да трае неколку месеци.