Жителите на Вухан, кинескиот град откаде што почна ширењето на корона вирусот, полека се враќаат во нормала… А, паровите чиишто врски го преживеаја строгиот карантин, сѐ почесто решаваат да прослават со брак.
Според официјалните бројки, барањата за венчавки се зголемиле за 300 отсто, откако властите на Вухан официјално ја отворија службата за венчавки минатиот петок.
Сепак, по долгото време на изолација, се претпоставува дека и бројот на разводот би можел да се зголеми.