Во Шри Ланка денеска се каменувани неколку џамии поради кавга на Фејсбук.
Неколку десетици луѓе фрлале со камења на џамиите во градот Чилав на западниот брег на Шри Ланка, поради кавга на Фејсбук. Скршени се и излозите на продавници на Муслимани, а претепано е и едно лице. Полицијата за сега не соопштува колкумина од напаѓачите се уапсени.
Пред три недели муслиманските екстремисти на Шри Ланка изведоа серија бомбашки напади во цркви и луксузни хотели точно на Велигден, при што загинаа повеќе од 250 луѓе.
Од тогаш муслиманските групи во оваа земја примиле десетици поплаки за вознемирување од жителите од други вероисповеди.