Свет 21. јули 2018. / 16:25

Се самоуби пакистански политичар бидејќи немал поддршка од синовите

Се самоуби пакистански политичар бидејќи немал поддршка од синовите

Независниот кандидат на парламентарните избори во Пакистан, Мохамад Ахмед Мугал се самоуби бидејќи неговите синови не ја поддржувале неговата политика, соопшти денеска полицијата.

Мугал беше кандидат за пратеник и на национално и на регионално ниво во градот Фајселабад.

Според зборовите на Мугал, тој бил соочен со опозицијата и во сопственито дом, бидејќи неговите синови ги поддржувале противкандидатите.