Свет

Се разбудил од кома ден откако родителите потпишале донирање на неговите органи!

Се разбудил од кома ден откако родителите потпишале донирање на неговите органи!

Се разбудил од кома ден откако родителите потпишале донирање на неговите органи!

Тринесет годишно дете во амриканската држава Алабама се разбудило од кома непосредно откако неговите редители потпишале донирање на неговите органи.

Трентон Мекинлејн доживеал страшна повреда на главата кога во март му се превртела приколката на која се возел.

Докторите им рекле на родителите дека детето нема да преживее и дека неговите органи одговараат за пет други деца кои чекаат трансплантација.

Мегутоа, ден пред да биде исклучен од апартите, а непосредно откако родителите веќе потпишале документи за одобрување на исклучување и донирање на органите, Трентон почнал да покажува знаци на свест.

Неговата мајка Џенифер и соопштиле дека детето починало на операција, и дека лекарите го реанимирале 15 минути. Очајните родители решиле да ги донираат неговите органи со што на тој начин ќе знаат дека нивниот син и понатаму живее.

“Поради таа одлука го оставиле Трентон на апарати уште неколку дена како би ги зачувале органите. Но тогаш тој почнал да се буди. Тест за неговите мозочни функции биле закажани следниот ден, но намести мозочна смрт, тестовите покажале активност”, рекла мајката на детето.

“Се сеќавам дека удри во бетон, и дека приколката падна на мене и после тоа на ништо не се сеќавам”, рекло храброто дете, на кое му претстои долго опоравување.

“Сето ова е големо чудо”, рекла неговата мајка.

“Додека бев во кома, мислев дека сум на небо. Бев на голема ливада и само одев право. Ова е Божјо дело, нема друго објаснување”, изјавило детето.