Свет 20. април 2018. / 11:19

Се разбуди после 250 години – вулканот исфрла дожд од камења и пепел (ВИДЕО)

Се разбуди после 250 години – вулканот исфрла дожд од камења и пепел (ВИДЕО)

Се активираше вулканот во јужна Јапонија првпат во 250 години поради што властите забраниле пристап до зоната околу планината.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти денеска дка ова е прва ерупција на вулканот од 1768 година и дека од кратерот излегува дим и пепел.

Вулканот е дел од планинскиот ланец Киришима на јужниот јапонски остров Кјуши. Метеоролошката агенција ја проширила забрантата зона која досега била само околу виулканскиот кратер на целата планина.

Мештаните се предупредени дека е можно паѓање на дожд од вулкански камења и пепел.