Свет 08. август 2019. / 22:02

Се распадна владејачката коалиција во Италија – Државата пред вонредни избори?

Се распадна владејачката коалиција во Италија – Државата пред вонредни избори?

Заменик-премиерот на Италија, Матео Салвини, оцени дека не постои начин на кој би се надминале разликите во владејачката коалиција и смета дека излез се единствено вонредните избори.

Салвини, кој е лидер на крајно десничарската „Лига“ и министер за внатрешни работи, соопшти дека му рекол на премиерoт Џузепе Конте дека сојузот на „Лига” и на Движењето „5 Ѕвезди” се распадна и дека што е можно побргу треба на граѓаните да им се даде право на избори.

Тој рече дека следната недела Парламентот би можел да почне со спроведувањето на потребните процедурални мерки за вонредни избори.