Свет

Се расипал моторот: Британски авион принудно слетал во Баку

Се расипал моторот: Британски авион принудно слетал во Баку

Патничкиот авион на „Бритиш Ервејс“ на летот од Лондон до Мумбај, принудно слетал на аеродромот во Баку, Азербеџан и за среќа нема повредени.

Капетанот на авионот тип „Боинг 777“, кој превезувал 214 луѓе, побарал дозвола за принудно слетување утринава бидејќи левиот мотор се расипал.

Авионот безбедно слетал околу 6:30 по локално време.

Патниците се префрлени во аеродромската транзитна зона.