Патничкиот авион на „Бритиш Ервејс“ на летот од Лондон до Мумбај, принудно слетал на аеродромот во Баку, Азербеџан и за среќа нема повредени.
Капетанот на авионот тип „Боинг 777“, кој превезувал 214 луѓе, побарал дозвола за принудно слетување утринава бидејќи левиот мотор се расипал.
Авионот безбедно слетал околу 6:30 по локално време.
Патниците се префрлени во аеродромската транзитна зона.