Свет 13. мај 2020. / 12:04

Се продлабочува кризата во САД: Рекорден буџетски дефицит во април

Се продлабочува кризата во САД: Рекорден буџетски дефицит во април

САД соопштија дека во април годинава е забележан рекорден буџетски дефицит од 738 милијарди долари предизвикан од пандемијата на корона вирусот.

Министерството за финансии на САД соопшти дека буџетскиот дефицит во април е вистински ран показател за драстично намалените приливи во државните каса и на огромните издвојувања на владата насочени кон ублажување на влијанието на пандемијата на корона вирусот врз американската економија.

Американскиот Конгрес досега одобри пакет од 3.000 милијарди американски долари економска помош за американското стопанство, а некои од првите мерки требаше да бидат исплатени во април.

Државата приходувала 242 милијарди американски долари во април, што е намалување од 55 проценти во однос на истиот период минатата година.