Брод со мигранти се преврти во близина на брегот на Гвинеја Бисао, изјави денеска командантот на крајбрежната стража Виктор Сига и додаде дека околу 60 лица се водат за исчезнати.
Тој додаде дека крајбврежната стража уште во понеделникот забележала дека бродот има проблеми, но не можела да испрати помош.
Сига наведе и дека се пронајдени остатоците од бродот, но не се пронајдени телата на луѓето.