Во текот на 2018 година за 14,9 отсто пораснал бројот на австриски државјани коишто се откажале од Католичката црква.
На крајот на 2018 година, 5,05 милиони жители на Австрија биле со римокатоличка вера, на крајот на минатата година таа бројка изнесува само 4,98 милиони, објави католичката агенција „Катпрес“.
Според официјалните бројки на бискупската конференција, минатата година 67.583 лица ја напуштиле Римокатоличката црква, за разлика од 2018 година кога тоа го направиле 58.807 луѓе.
Римокатоличката црква во Австрија собира црковен данок од своите верници, а некој верник може да престане да го плаќа тој данок само доколку формално поднесе барање за повлекување од црквата.
Ако се споредат бројките од претходните години, повторно има натпросечно зголемување на црковните напуштања.
Најголем број е забележан во 2010 година кога 85.960 луѓе ја напуштиле Римокатоличката црква.