Свет 01. јуни 2018. / 12:14

Се подготвува ли голема пресметка на југот на Сирија?

Се подготвува ли голема пресметка на југот на Сирија?

Откако вчера сирискиот претседател, Сирија, во интервјуто за руската РТ истакна дека сириската војска ќе ја продолжи актуелната офанзива до ослободување на териториите, денеска добива закана од САД.

Високиот функционер од Пентагон, генерал Кенет Мекензи, порача дека американските трупи нема да ја напуштат Сирија и оти секој обид за присилно отстранување на американските војски ќе предизвика силен воен одговор.

„Секоја страна треба да разбере дека евентуален напад врз американските сили, или врз нашите коалициски партнери, ќе биде лоша политика“, истакна Мекензи за време на неговата прес-конференција.

Се смета дека во Сирија има околу 2.000 американски војници, иако некои држави тврдат оти тој број е значително поголем.