Свет

Се откажуваат летовите – уште еден силен тајфун се приближува кон Јапонија

Се откажуваат летовите – уште еден силен тајфун се приближува кон Јапонија

Околу 198 летови се откажани денеска од аеродромите во во јужна Јапонија, поради налетот на силниот тајфун Конгреј, што на кмерски јазик значи „Убаво девојче“.

Најголем дел од летовите се откажани од аеродромите на островот Окинава над кој се очекува да мине жариштето на тајфунот, кој потоа се предвидува да продолжи кон островот Кјушу и делови од Јужна Кореја и кинеското источно крајбрежје.

Конгреј е 25-от тајфун што се појави во источниот дел на Тихиот Океан оваа сезона.

Тој денеска се наоѓа јужно од Окинава и се движи кон североисток. Во моментов во неговото жариште дуваат ветрови со брзина од над 160 километри на час, со повремени удари што достигнуваат и до 210 километри на час.

Јапонија кон крајот на минатата недела ја погоди тајфунот Трами, при што загинаа четири лица, а околу 200 беа повредени.