Директорот на Канцеларијата за јавно здравје во округот Оринџ, др. Раул Пино на прес-конференција рече дека двете жени имаат потврда дека ја примиле првата доза на вакцината. Но, не биле во можност да ја добијат втората доза, бидејќи здравствените работници на местото на вакцинација се посомневале во исправноста на нивните лични документи.
Здравствените власти не знаат како тие успеале да ја земат првата доза на вакцината и дали и тогаш се маскирале.
Полицијата во округот Оринџ потврди за Си-Ен-Ен дека здравствените власти ги повикале да издадат предупредување за жените чии датуми на раѓање од личните документи не се совпаѓаат со оние што ги користеле за да се регистрираат за вакцинација. Имињата, сепак, биле исти.