Свет 09. март 2021. / 10:04

Се испитува дали една доза од „Спутник V“ е доволна за оние кои прележале коронавирус

Се испитува дали една доза од „Спутник V“ е доволна за оние кои прележале коронавирус

Луѓето кои го преживеале коронавирусот треба да се вакцинираат, а тоа е препорака на Светската здравствена организација. Српските здравствени власти и докторите од Република Српска демантираат дека кога станува збор за руските вакцини треба да се аплицира само една доза во случај кога станува збор за лице кое веќе го имало вирусот.

Откако вчера од хрватскиот институт за епидемиологија проструи информација дека на оние кои се заразиле со вирусот не им треба ревакцинација со руската вакцина „Спутник“, односно може да развијат доволно антитела со една вакцина, докторите велат дека препораката е да се вакцинираат сите со две дози.

-Засега немаме официјална потврда дека може да се користи една доза. Исто така, може да се очекува дека производителите ќе го анализираат сето тоа. Во секој случај, соодветниот имунитет се стекнува по две дози, рече Бранислав Жељковиќ директор на Институтот за јавно здравје на Република Српска.

Македонија има 3.000 дози од овие вакцини. Имунизацијата со нив почнува утре.