Свет 14. јули 2018. / 11:20

Се е подготвено за средба на Трамп и Путин во Хелсинки

Се е подготвено за средба на Трамп и Путин во Хелсинки

Лидерите на САД и Русија Доналд Трамп и Владимир Путин во Хелсинки на 16 јули ќе се сретнат во една од финските претседателски резиденции, во палатата со поглед на Балтикот. Во истата палата и во минатото се среќавале претседателите на Русија и САД, соопшти официјална Финска.

Кабинетот на финскиот претседател Саули Нинисто објави дека средбата Путин –Трамп ќе се оддржи во претседателската резиденција од 19 век, од која „може со камен да се фрли“ на строгиот центар на Хелсинки.

Доналд и Меланија Трамп во понеделник ќе појадуваат со претседателот на Финска, Нинисто и неговата сопруга Јени Хауки.

Соопштено е и дека Нинисто ќе има билатерална средба и со рускиот лидер Владимир Путин.

Инаку во претседателската резиденција во која ќе се одржи средбата Путин – Трамп во 1990 година се сретнаа тогашните претседатели на САД и Русија, Џорџ Буш сениор и Михаил Горбачов.