Свет 26. ноември 2019. / 15:29

Саудиската полиција уапси повеќе интелектуалци и блогери поврзани со реформистите

Саудиската полиција уапси повеќе интелектуалци и блогери поврзани со реформистите

Саудиската полиција уапси најмалку осум интелектуалци и поранешни блогери во новиот бран апсења поврзани со реформистите.

Помеѓу уапсените се и писатели кои работеле на „Визија 2030“, кампања на престолонаследникот Мохамед бин Салман за реформирање на саудиската економија и општество.

Се уште не е познато под кое обвинение се уапсени интелектуалците.