Свет 21. октомври 2018. / 19:10

Саудиска Арабија: Убиството на Кашоги е страшна грешка

Саудиска Арабија: Убиството на Кашоги е страшна грешка

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел ал Џубеир изјави дека убиството на новинарот Џамал Кашоги е страшна грешка и вети дека оние што се одговорни за убиството ќе бидат казнети.

– За жал, огромна и страшна грешка е направена и ве уверувам дека одговорните ќе бидат казнети, изјави Џубеир за Фокс Њуз..

Откако негираше каква било вмешаност во исчезнувањето на Кашоги, кому се загуби секаква трага откако на 2 октомври влезе во саудискиот конзулат во Истанбул, Саудиска Арабија вчера објави дека тој бил убиен во тепачка, во таа зграда.

Подоцна, еден саудиски официјален претставник изјави дека Кашоги бил задавен.