Свет 04. јуни 2018. / 22:13

Саудиска Арабија почна да им издава возачки дозволи на жените

Саудиска Арабија почна да им издава возачки дозволи на жените

Саудиска Арабија почна да им издава возачки дозволи на жените, три недели по стапувањето во сила на кралскиот указ со кој им се дозволува на жените да возат во ултраконзервативната муслиманска земја.

Општата управа за сообраќај соопшти дека денес почнала да ги менува меѓународните дозволи за саудиски, пред 24 јуни кога жените треба официјално да почнат да возат.

Саудиска Арабија е единствената земја во која досега жените немаа право да возат.

Во септември 2017 кралот Салман најави дека забраната ќе биде укината во јуни 2018, во рамки на реформите кои ги иницираше неговиот помлад син, престолонаследникот Мухамед бин Салман.

Издавањето на саудиските дозволи денес се одвивало „на голем број места и во различни градови“. Лицата одговорни за сообраќајот претходно ги проверувале меѓународните дозволи и ја проценувале способноста на поднесувачките на барањата преку практичен испит.