Свет 19. ноември 2020. / 20:06

Саудиска Арабија ќе вложи 20 милијарди долари во вештачка интелигенција

Саудиска Арабија ќе вложи 20 милијарди долари во вештачка интелигенција

Саудиска Арабија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција до 2030 година, соопштија тамошните власти.

Најголемата економија во арапскиот свет започна стратегија за вештачка интелигенција во октомври, со цел да привлече инвеститори во рамките на амбициозниот план на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман „Визија 2030“ за ублажување на зависноста на земјата од нафта.

„Саудиска Арабија ќе инвестира 20 милијарди долари до 2030 година“, рече Абдалах ал Гамди, директор на Дирекцијата за податоци и вештачко разузнавање, основана во 2019 година.

Според него, земјата сака вештачката интелигенција да биде компонента на алтернативната економија преку старт-ап компании и иновативни компании.

„Ние ја гледаме вештачката интелигенција како извор на дополнителни заштеди и приходи“, додаде Гамди во пресрет на онлајн самитот на лидерите на Групата 20 индустриски најразвиентите земји во светот и земјите во развој – Г20.

Како и другите земји богати со енергија во Заливот, Саудиска Арабија е особено фокусирана на технологии за диверзификација на нејзината економија погодена од ниските цени на нафтата и епидемијата на коронавирусот.