Свет 20. февруари 2021. / 17:19

Саудиска Арабија ќе инвестира над 20 милијарди долари во воената индустрија во следните 10 години

Саудиска Арабија ќе инвестира над 20 милијарди долари во воената индустрија во следните 10 години

Властите во Саудиска Арабија соопштија дека ќе инвестираат над 20 милијарди долари во својата воена индустрија во следните 10 години.

– Тоа е дел од плановите на кралството за зголемување на трошоците за одбрана. Повеќе од 10 милијарди долари ќе бидат издвоени за развој на одбранбената индустрија, како и за истражување и развој, изјави Ахмед бин Абдел Азиз ал-Охали, шеф на Генералниот директорат за воена индустрија во Абу Даби.

Во Абу Даби треба да се отвори Меѓународната изложба на оружје ИДЕКС 2021.

Според него, до 2030 година, Саудиска Арабија ќе ги зголеми трошоците за истражување и модернизација на своите воени претпријатија од 0,2 на четири проценти од вкупниот буџет за одбрана. Кралството се обидува да го развие производството на оружје, така што до 2030 година може да потпише договори за повеќе од половина од своите воени набавки со локални компании.