Свет 04. март 2020. / 21:26

Саудиска Арабија го забрани аџилакот во Мека поради корона вирусот

Саудиска Арабија го забрани аџилакот во Мека поради корона вирусот

Саудиска Арабија го забрани аџилакот во Мека поради страв од ширење на корона вирусот, објави државната новинска агенција, повикувајќи се на неименуван официјален претставник од Министерството за внатрешни работи кој ја најави забраната.

Засега не се наведува колку долго ќе трае забраната.

Саудиските власти минатата недела ги затворија светите исламски места за странски верници поради Ковид-19.