Британскиот сателит Carbonite-2, направен од компанијата SSTL во Гилдфорд, беше лансиран во јануари.
Тој е дел од мрежата на сателити кои ќе бидат испратени во наредните години управувани од Earth-i, аналитичка компанија.
Кратките клипови од Carbonite се првите видео снимки со висока резолуција и со цел спеактар на бои, кои редовно се испорачуваат од орбитата од страна на комерцијален сателит, пренесува ББС.
Секвенциите имаат резолуција од еден метар, што значи дека движењето на автомобилите, камионите, бродовите и авионите лесно се распознава.
Погледнете го квалитетот на снимката од 505 километри висина: