Свет 13. октомври 2018. / 22:11

САНА: Военото воздухопловство на САД извело напад со употреба на забранетиот бел фосфор

САНА: Военото воздухопловство на САД извело напад со употреба на забранетиот бел фосфор

Военото воздухопловство на коалицијата на чело со САД извело напад со употреба на забранетиот бел фосфор на градот Хаџин во Сирија, соопшти агенцијата САНА повикувајќи се на анонимен извор.

Засега нема информации за цивилни жртви.

Агенцијата исто така информира дека на социјалните мрежи се објавени фотографии на кои се гледа дека коалицијата употребила фосфорни бомби.

Според агенцијата ова не било првото бомбардирање на Хаџин со забранета фосфорна муниција.

Рускиот Центар за воено помирување во Сирија соопшти дека на 8 септември два американски ловци Ф-15 го нападнале градот со исто таква муниција.