Свет 01. март 2020. / 22:30

„Samsung“ и „LG“ ги затворија фабриките во Јужна Кореја

„Samsung“ и „LG“ ги затворија фабриките во Јужна Кореја

Samsung Electronics и LG Innotek (LG)  денеска објавија дека ги затвориле своите постројки во Јужна Кореја откако тестот за коронавирус кај една  работничка се покажал позитивен, објави Ројтерс.

Фабриката за мобилни телефони „Гуми“ на Самсунг, во близина на Даегу, каде што се потврдени повеќето случаи потврдени за вируси во земјата, ќе остане затворена до недела навечер (по локално време) за да се дезинфицира. Подот на кој работеше заразениот вработен ќе биде отворен само во вторник попладне, се вели во соопштението на компанијата.

Позитивниот резултат од тестот за работниците излезе вчера, соопшти Самсунг, додавајќи дека ќе бидат преземени сите неопходни чекори за да се спречи ширење на вирусот.

Во оваа фабрика , која беше привремено затворена минатиот месец заради претходен ваков случај, се произведуваат  луксузните Galaxy Z Flip и Galaxy S20.

Фабриката на  „LG“, исто така, денеска престана да работи, откако беше потврдено дека еден од работниците е заразен со вирус, изјави портпарол на компанијата.

Фабриката ќе остане затворена утре за дезинфекција.