Свет 13. април 2020. / 13:32

Само во април кинескиот извоз на медицински производи во вредност од 2,36 милијарди долари

Само во април кинескиот извоз на медицински производи во вредност од 2,36 милијарди долари

Од почетокот на април Кина на други држави им доставила медицински производи во вредност од 16,56 милијарди јуани или околу 2,36 милијарди долари. Тоа е повеќе, отколку што државата извезла во текот на целиот претходен месец март, објави на прес-конференција раководителот на одделението за општо работење на Главна царинска управа на Кина, Џизин Хај.

-Од 1 до 12 април цариниците во целата држава пропуштиле стоки за профилактика и контрола на пандемијата во вредност од 16,56 милијарди јуани. Тоа ја подвлекува важната улога, што ја имаат медицинските производи произведени во Кина во глобалната битка со пандемијата, како и фактот дека Кина е одговорна држава, изјави Хај.

Во текот на март извозот на истите производи достигнал вредност од 10,2 милијарди јуани или околу 1,45 милијарди долари.