Потрошувачите во САД потрошија вкупно 7,4 милијарди долари само за онлајн пазарување за „Црниот петок“, покажуваат податоците на Adobe Analytics. За онлајн продажбата ова се рекордни податоци, додека за денешниот „Кибер понеделник“ се очекува таа да надмине 9 милијарди долари.
Податоците на Adobe Analytics исто така покажуваат дека на „Црниот петок“ просечно биле потрошени по 168 долари од човек, што е за 6 долари повеќе од истиот ден во 2018 година.