Откако Малта денеска го потврди првиот случај на пациентка заразена со новиот коронавирус, Кипар остана единствената земја-членка на Европската Унија, каде што нема регистрирано ниту еден случај на Ковид-19.
Во светот со корона вирус се заразени 102.000 лица, со 3.500 смртни случаи. Во Србија е објавен првиот случај, а во Италија има 4.600 случаи. Во Германија и Франција 700 заразени.
– Во државите членки на ЕУ со новиот коронавирус се заразиле 2.100, а 38 починале, соопшти во средата комесарката за здравство на ЕУ , Стела Киријакидес.