Чешкото Министерство за здравство соопшти дека имунитетот на корона вирусот во земјата се гради многу бавно и оти досега го стекнале не повеќе од 4 до 5 проценти од населението.
Прелиминарните податоци доаѓаат од масовно тестирање на антитела што почна во април.
Во Чешка од почетокот на епидемијата заразени се 7.896, а починаа 257 луѓе.