Свет 22. септември 2020. / 22:15

Самитот на ЕУ одложен поради заболен од Ковид-19

Самитот на ЕУ одложен поради заболен од Ковид-19

Средбата на 27.  лидери во ЕУ, која требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложена за 1 и 2 октомври, беше објавено во Брисел.

Како причина за одложувањето е посочено дека член на обезбедувањето на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел е позитивен на новиот коронавирус.

„Бидејќи службеникот за обезбедување беше во постојан контакт со претседателот, Шарл Мишел е во карантин”, објави на Твитер портпаролот на претседателот на Европскиот совет, Баренд Лејтс.

Тој додава дека Мишел редовно се тестира и дека вчерашната проверка покажала дека тој е негативен за Ковид-19.