Шефот на ОН, Антонио Гутереш, им порача на лидерите на 20-те најголеми индустрии во светот дека „во војна сме со вирусот, а не победуваме“ и покрај драматичните мерки преземени од државите за ограничувањето на движењето на повеќе од четвртина од светската популација.
Денешниот недекојдневен виртуелен самит дојде откако владите ширум светот ја истакна важноста од социјално дистанцирање за да се спречи ширењето на заразниот вирус, пренесува Асошиејтед прес.
Група од 20 држави кои се соочуваат со критики за недостаток на заедничко дејствување против вирусот или неговото економско влијание ветија дека ќе работат заеднички. Соопштија дека ќе донираат повеќе од 48 илјади милијарди долари во глобалната економија за да се спротистават на социјалните и финансиските влијанија од пандемијата.
Во завршната изјава по состанокот, Г20 изјави дека е посветена на зајакнување на мандатот на Светската здравствена организација. Тие рекоа дека „глобалното дејствување, солидарноста и меѓународната соработка“ се потребни повеќе од кога и да било.
-Пандемијата„ Ковид-19“ е без преседан и е силен потсетник за нашата меѓусебна поврзаност и ранливост, велат од групата додавајќи дека „Вирусот нема граници“.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика водачите на Г20 да усвојат воен план за борба против пандемијата.