Свет 13. август 2018. / 19:18

Салвини за мигрантите: Може да одат каде сакаат, ама не во Италија

Салвини за мигрантите: Може да одат каде сакаат, ама не во Италија

Хуманитарниот брод ,,Аквариус”, кој во либиските води спаси 141 мигранти, нема дозвола за да вплови во италијанско пристаниште. Од таму порачуваат дека Рим не ги сака и ја повикаа Европската Унија и Британија на помош.

Бродот  во сопственост на француско – германско хуманитарно здружение ги спаси мигрантите во две одделни операции и сега се наоѓа во водите меѓу Италија и Малта. Во јуни истиот брод помина девет дена на море откако новата италијанска влада не му дозволи да вплови во пристаниште, нарекувајќи ги активистите такси служба и криумчари на луѓе.

,,Може да одат каде сакаат, ама не и во Италија”, порача на твитер министерот за внатрешни работи, Матео Салвини. Тој ги навел и Франција, Германија, Британија и Малта како дестинации за овие мигранти.