Свет 28. септември 2018. / 13:35

Салвини: Само Италија одлучува за пасошите кои се издаваат на Италијанците

Салвини: Само Италија одлучува за пасошите кои се издаваат на Италијанците

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, го отфрли предлогот на Виена, владата да овозможи двојно државјанство за австриското малцинство во италијанскиот регион Алто Адиџе (Јужен Тирол).

Во интервју за виенскиот весник „Пресе“, Салвини ги повика властите во Виена да не преземаат понатамошни чекори без договор со италијанските власти.

„Само Италија одлучува за пасоши кои се издаваат на Италијанците. Тоа е ставот кој јас го застапувам“, рече Салвини.

Тој оцени дека нацрт-законот за двојно државјанство за припадниците на австриското малцинство нема да биде изготвен во Австрија во догледно време.

„Разговарав со австриските министри и ми рекоа дека нема да има понатамошни чекори сé додека не биде постигнат договор меѓу двете влади“, објаснил Салвини.