Свет 08. јуни 2020. / 15:35

Салвини повика на предвремени избори во Италија наесен

Салвини повика на предвремени избори во Италија наесен

Лидерот на италијанската крајна десница Матео Салвини денеска изјави Владата во Рим не успеала брзо да ја рестартира земјата по пандемијата на корона вирусот и повика на предвремени избори.

Неговата антиимигранска Лига е најпопуларна партија во Италија, но е во опозиција откако Салвини минатата година се повлече од коалицијата со популистичкото Движење 5 ѕвезди во неуспешен обид да владее сам.

Италијанците оваа есен ќе излезат на гласање за регионални избори и референдум за намалување на бројот на членови на парламентот. Точните датуми за овие гласања сè уште не се утврдени.

– Ајде да ги замолиме луѓето да гласаат и за влада која ќе трае пет години и ќе има јасни идеи, рече Салвини во интервју за „Ла Стампа“.