Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини изјави денеска дека Италија повеќе нема да биде камп за мигранти.
Тој нагласи дека неговата Влада, пред четири месеци, ја нарекувале расистичка, популистичка и неука, но дека сегашниот италијански модел на водење на миграцијата и затворањето на пристаништето, кога тоа е неопходно, станал популарен, објави АП.
Салвини пред неколку дена порача дека ќе ги затвори аеродромите, како што тоа го направи со пристаништата, за оние авиони кои ќе носат мигранти без дозвола од италијанската Влада.