Матео Салвини и Марин Ле Пен најавија заедничка борба на претстојните избори за европратеници.
Потпретседателот на италијанската влада и претседателката на француската десничарка партија Национанален фронт изјавија во Рим дека заедно ќе се борат против ,,бриселскиот бункер” и најавија почеток на заедничка кампања за европски избори, кои што се закажани за во мај наредната година.
,,Мајските избори ќе го означат почетокот на револуцијата на здравиот разум”, изјави Салвини, додавајќи дека непријатели на Европа се оние кои што се закопале во бриселскиот бункер.
,,Тоа се разни јункери и московици кои во Европа донесоа несигурност и страв и не сакаат да ги напуштат своите фотељи”, вели Салвини, како што пренесува Блумбер. Според неговите зборови, политиката на заштета која изминатите години ја наметнуваше Европската комисија во Италија доведе во зголемување на долгот и до сиромаштија.
Марин ле Пен истакна дека Европската Унија исполнила многу малку од бројните ветувања кои ги давала, оценувајќи дека резултатите се мизерни.