Свет 11. декември 2018. / 16:14

Салвини: Антисемитите се имбецили и деликвенти

Салвини: Антисемитите се имбецили и деликвенти

Министерот за внатрешни раобти на Италија Матео Салвини пред посетата на Израел изјави дека антисемитите се „имбецили и деликвенти“.

Салвини кажа и дека Израел е една од најголемите и најмодерни демократии на планетата и дека на неговата посета не ѝ потребно никакво друго оправдување.

Тој повтори дека „антисемтитите се имбецили и деликвенти“ и дека тој како италијански министер за внатрешни работи ќе направи сѐ за да му се спротивстави на антисемитизмот.

Салвини оцени дека антисемитизмот расте во Европа и дека исламскиот екстремизам е главниот непријател на цивилното општество и социјалниот мир во Италија и во Израел.

Денеска се очекува Салвини да оствари средба најпрво со министрите за правда, внатрешни работи и туризам, а утре и со премиерот Бенјамин Нетанјаху.