Свет 06. септември 2020. / 09:00

Сакал да си го пренесува самоубиството во живо- Фејсбук реагира

Сакал да си го пренесува самоубиството во живо- Фејсбук реагира

Французинот Ален Кок имал намера да го пренесе моментот на неговата смрт на Фејсбук затоа што претседателот на Франција го одбил неговото барање за евтаназија, но од Фејсбук информирале дека веднаш ќе го спречат во тоа.

Незадоволен од одлуката на францускиот претседател, Кок (57) одбил да јаде и пие, пренесува Дојче веле.Тој страда од болест која му предизвикува големи здравствени проблеми веќе 34 години. На Фејсбук изјави дека сака да умре и „да почива во мир“ и дека  сака да ги емитува последните моменти од својот живот на таа социјална мрежа.

Портпарол на ФБ за Фрас прес изјави дека тоа нема да биде можно.

“И покрај почитувањето на неговата одлука да и укаже на јавноста на комплексноста на ова прашање, нашите експерти сугерираат дека мора да преземеме чекори за да се спречи преносот во живо. Нашите правила не дозволуваат пренесување самоубиство”, рече тој.

Кок, кој живее во Дижон, ја нарече одлуката „нефер дискриминација“ која „ја нарушува слободата на изразување“.

Тој лежи во кревет веќе две години и живее во болка. Во јули годинава тој испрати писмо до претседателот Емануел Макрон во кое бара да му дадат лекови за смирување за да му стави крај на животот. Како одговор, Макрон истакна дека не е можно да се направи тоа во Франција, бидејќи еутаназијата е нелегална.

Во Белгија, Луксембург и Холандија евтаназијата е законски дозволена.