Во повеќе сојузни држави од источниот брег на САД, во 10 часот по локало време (16 часот македонско), започнаа седниците на колеџот на електори што треба да го избере новиот претседател на земјата.
Бројот на електори се совпаѓа со бројот на претставници во Конгресот за секоја одделна држава. Заседанијата обично се оддржуваат во државните Капитоли, на кои електорите го даваат својот глас за избраниот кандидат, односно со ставање своерачен потпис на гласачки лист.
Колеџот од електори е составен од видни партиски првенци од демократската и републиканската партија како избрани официјални лица. Така, годинава во колеџот е гувернерот на Јужна Дакота, Кристи Ноем, електор на актуелниот претседател Доналд Трамп, кој најави своја кандидатура на републиканската претседателска трка за изборите во 2024 година.
Сепак, овој процес е соочува со зголемени критики, почнувајќи од претседателски избори во 2000-та година, на кои републиканецот Џорџ В. Буш го победи демократот Ал Гор, и покрај тоа што го загуби гласот на народот.
Конечните резултати од денешнто гласање на колеџот ќе бидат утврдени од Конгресот на САД на 6-ти јануари, но тие ќе бидат познати на јавноста и пред тој датум.
Според доегашните резултати, Бајден освои 306 електорски гласа, додека Трамп доби 232. За избор на претседател потребни се гласовите од најмалку 270 електори.