Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, изјави дека САД се загрижени за заканата од компјутерски напади против здравствениот сектор во Чешка.
Помпео истакна дека секој што е вклучен во таква активност „треба да очекува последици“.
Две болници во Чешката Република вчера објавија обиди за напади врз нивните компјутерски системи, еден ден откако органите за компјутерската безбедност во земјата објавија за можен бран кибер-напади против клучната инфраструктура.
Го повикуваме сторителот да се воздржи од субверзивно злонамерна кибердејност против здравствената заштита во Чешката Република или слична инфраструктура на друго место – изјавиПомпео во изјавата без да именува никого.
Чешки претставник, кој побарал анонимност, изјавил дека е нејасно кој стои зад обидите за напад, но смета дека тоа е дело на „сериозен и напреден противник“.
САД имаат нула толеранција за кибернапади што имаат цел да ги поткопаат напорите на САД и нејзините меѓународни партнери за заштита, поддршка и информирање на јавноста за време на оваа глобална пандемија – изјави Помпео.