Соединетите американски држави денеска забранија влез на 76 лица од Саудиска Арабија, поради убиството на новинарот Џамал Кашоги.
„Порачаа дека нема да бидат толерантни кон поединци кои се заканувале или напаѓале активисти, неистомисленици и новинари“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен откако ЦИА објави дека владата на Саудиска Арабија се поврзува со убиството на новинарот Џамал Кашоги.
Тој додаде дека забраната на Стејт департментот, наречена „Кашоги забрана“, се однесува на лица директно вклучени во сериозни активности за борба против неистомисленици додека работеле за странски влади.
Кашоги беше убиен во конзулат на Саудиска Арабија во 2018 година.