Свет 03. април 2020. / 13:16

САД забранија издавање пасоши освен во ситуација „живот или смрт“

САД забранија издавање пасоши освен во ситуација „живот или смрт“

Властите во САД одлучија да го сопрат издавањето патни исправи, освен во случаи на итна потреба, односно само во ситуација на „живот и смрт“. Целта на ваквата оидлука е да се запре ширењето на корона вирусот.

Како примери на итни случаи ќе се сметаат патувања заради лекување на сериозни болести, повреди или смрт во потесното семејство.

Кандидатите ќе мора да го направат патувањето во рок од три дена, а за да можат да заминат ќе мора да приложат и доказ за „оправданата причина“.

Во моментов 40 сојузни држави во САД имаат издадено наредба до граѓаните да не ги напуштаат своите домови.