Свет 26. јануари 2021. / 10:01

САД: За првпат жена на позицијата Министер за финансии

САД: За првпат жена на позицијата Министер за финансии

Американскиот Сенат, ја потврди Џанет Јелен за министерка за финансии, со што таа стана првата жена во историјата на САД на таа позиција.

Одборот за финансии на Сенатот, едногласно ја одибри нејзината номинација со 26 гласови, а при официјалното гласање Јелен доби 84 гласоци за и 15 против. Таа е третиот избран кандидат на администрацијата на Џо Бајден.

-Тешко е да се замисли подобар кандидат од д-р Јелен, напишале во писмо за поддршка нејзините претходници во министерството за финасии.

Нејзина задача ќе биде извршување на планот на Бајден за спасување на економијата во висина од 1,9 милијарди долари. Зборувајќи за овој план, минатата недела пред Сенатот, Јелен истакна дека приоритетот на американската администрација мора да биде завршување на пандемијата пред да се занимава со други проблеми.

Таа порача дека, на прво место, ќе има помош за оние на кои тоа им е најпотребно, особено на работниците од малцинствата и жените коишто се најпогодени од кризата.

Јелен во 2014 година стана првата жена која ги водела Федералните резерви и ќе биде првата жена која ќе ги води трите најмоќни економски тела во американската Влада: Трезорот, Централната банка и Советот на економски советници на Белата куќа.