Белата куќа соопшти дека 95-годишник кој бил стражар во нацистичкиот концентрационен логор „Травники“ денеска бил депортиран во Германија.
Неговото протерување било наложено од судија пред 14 години. Во соопштението се вели дека Јакив Палиј, кој живеел во Њујорк, бил депортиран рано изутрина.
По Втората светска војна, Палиј го криел своето учество во ликвидацијата на Евреи во концентрациониот логор „Травники“ во тогаш окупираната Полска и добил дозвола за влез во САД, тврдејќи дека е земјоделец и фабрички работник.
Иако судија наредил депортација на Палиј во 2004, тој продолжил да живее во својот дом во Квинс бидејќи ниту една земја не сакала да го прими.
Засега не е познато што ќе му се случи во Германија, бидејќи обвинителството претходно посочи дека се чини дека нема доволно докази за покревање обвинение за воени злосторства.